СТАНДАРД life
Шоубиз

Тајсон отвори кафуле во Амстердам: „Отсекогаш сакав да бидам во бизнисот со канабис“

Поранешниот американски професионален боксер Мајк Тајсон (57) во средата го одржа официјалното отворање на своето кафуле во центарот на Амстердам, каде е дозволена продажба на марихуана или производи од канабис за лична употреба.

Голем број луѓе се собраа пред кафулето на Спуистраат, јавуваат холандските медиуми.

Кафулето на Тајсон „Coffeeshop Tyson 2.0“ е отворено од март. Во средата, Тајсон го посетил кафулето кое се наоѓа во близина на познатиот кварт на „црвените фенери“ и се сретнал со интересни луѓе и новинари, пишува NL Times.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија по отворањето на својот прв локал во Амстердам изјави дека неговиот „сон се остварил“.

По завршувањето на неговата кариера, Тајсон се впушти во бизнисот со канабис. Од 2016 година, тој е горд сопственик на ранч со марихуана од 40 хектари во Калифорнија.

Во 2020 година, тој откри дека „пуши трева“ вредна околу 38.000 евра месечно.

Поврзани вести

Конечно на тронот: Оваа насловна е доказ дека Викторија Бекам конечно знае што прави

Urednik

Салма Хајек и нејзината 16-годишна ќерка Валентина го украдоа центарот на вниманието во слични облеки (ФОТО)

Radmila Tasevska

📽 Миа Калифа навредила Еврејка на улица: „Мирисаш на фалафел“

Radmila Tasevska