СТАНДАРД life
Балкан микс

Јоксимовиќ снимил дует со Цеца!

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ сними дуетска песна со својата долгогодишна пријателка и колешка Цеца Ражнатовиќ.

Имено, пејачот гостуваше во емисијата на „Први ред“ кога водителката откри дека Јоксимовиќ ја обновил соработката со Ражнатовиќ.

Како што е веќе познато, ова не е прв пат Цеца и Жељко да соработуваат, бидејќи тој ги отпеа нејзините придружни вокали за еден од нејзините најголеми хитови „Лепи громе мој“.

Жељко напиша песна која беше совршена за нивната соработка, по што стапи во контакт со Цеца. Пред летото се договориле за дует, а песната ќе се појави на нејзиниот албум кој пејачката интензивно го подготвува, пренесе Телеграф.рс.

Поврзани вести

Матора и Анита ќе се венчаат во вила вредна 3 милиони евра

Radmila Tasevska

Александра Младеновиќ ужива во скапо одморалиште: Го покажа своето неверојатно тело (ФОТО)

Radmila Tasevska

📸 Јелена Розга во врска со синот на Тончи Хуљиќ? Фатени заедно во шопинг

Radmila Tasevska