СТАНДАРД life
Балкан микс

По 10 години соработка, Жељкo Бебек го напушти бендот: Неговата сопруга ја откри позадината на приказната

Легендарниот пејач на Бјело Дугме, Жељко Бебек за оваа есен најави голем концерт во „Арена Загреб“ по повод 50 години од неговата кариера, но како што изгледа сега, неговиот стар бенд нема да настапува со него.

Само еден месец пред големиот настап, на Фејсбук се појави веста дека бендот со кој соработувал 10 години го напушта. Во објавата, членовите на бендот им се заблагодарија на Бебек и неговата публика за повеќе од 10 години доверба и соработка, но оттогаш таа е отстранета.

Сепак, „Story“ ја забележа, а сопругата на Бебек – Ружица објасни за што се работи.

„Таа одлука не беше донесена баш сега, тоа трае од порано, само се договоривме да го направиме она што треба да се направи со нив. Вториот бенд е подготвен одамна“, изјави Ружица Бебек за „Story“.

Таа откри и дека нивниот син Звонимир ќе продолжи да соработува со својот татко и со новиот бенд.

Поврзани вести

Денеска е роден Оливер Драгојевиќ: Во последната порака кажа што е најважно во животот

Urednik

📸 Раста ужива на Јамајка: Раперот ја однел најдрагата личност на патување, еве како го поминуваат времето

Radmila Tasevska

(ВИДЕО)„Лејди Гага од Али Експрес“: Фановите разочарани од новиот спот и песна на Карлеуша

Urednik