СТАНДАРД life
Шоубиз

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

NETFLIX го објави првиот тизер за претстојната минисерија „Griselda“ , во која главната улога ја има Софија Вергара, позната по ситкомот „Modern Family“.

Вергара е речиси непрепознатлива во улогата на Гризелда Бланко, колумбиска шверцерка на дрога, која многумина ја нарекуваат „Кралица на кокаинот“.

Бланко била позната по трговијата со кокаин во областа на Њујорк и Мајами, а оние кои имале можност да соработуваат со неа тврдат дека била поладна и понемилосрдна од Пабло Ескобар.

Серијата ќе го прикаже нејзиниот живот и издигнување во светот на криминалното подземје.

Покрај Вергара, во актерската екипа се и Алберто Гуера, Алберто Аман, Кристијан Тапан, Диего Трухиљо, Паулина Давила, Габриел Слојер, Мартин Родригез, Хозе Зунига, Максимилијано Ернандез и Џулиет Рестрепо.

„Griselda“ ќе се состои од 6 епизоди и ќе има премиера на NETFLIX на 25 јануари 2025 година.

Разводот не ја погоди: Софија Вергара во заводливо издание на концерт

Поврзани вести

Калиста Флокхарт (59) е непрепознатлива во најавата за новата сезона на серијата Феуд

Radmila Tasevska

Трамп му се закани со тужба на комичарот Тревор Ноа поради шега за Епшајн на доделувањето на Греми

Urednik

Тори Кели итно хоспитализирана – состојбата на пејачката е загрижувачка

Urednik