СТАНДАРД life
Шоубиз

ТАА БЕШЕ ТИВКО СТРАДАЊЕ НА СЕКОЈ МАЖ: Памела Андерсон се појави без трошка шминка на настанот и ги инспирираше сите жени!

Актерката Памела Андерсон (56) привлече огромно внимание на модната недела во Париз кога се појави во сосема природно издание.

Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ ги привлекуваше воздишките на посилниот и понежниот пол во деведесеттите, а на неодамнешниот настан ретко кој би поверувал дека познатата секс-бомба ќе се појави во ова издание.

Памела прошета без трошка шминка, со пуштена коса, сосема спротивно на холивудскиот начин на живот на кој беше навикната публиката.

Познатата актерка неодамна за магазинот „Ел“ откри дека повеќе не сака да се шминка, за да има поголема контрола врз својот изглед. Следбениците на социјалните мрежи напишаа дека Памела изгледа „многу добро“ и дека „достојно остарела“. Многумина истакнуваат дека на актерката и прилега природниот изглед.

-Понекогаш се смеам на себе кога ќе се погледнам во огледало. Мислам дека како што старееме си изгледаме посмешно за себе. Често си велам: „Што ми се случи? Дали е ова реално?“ Заклучувам: „Тоа е мое патување“ – нагласи Андерсон, која исто така призна дека користела шминка од својата 16-та година.

Таа претходно истакна дека нејзината одлука да изгледа природно без шминка следи по смртта на нејзината шминкерка Алексис Вогел, кој починала во 2019 година од рак на дојка. Во другите изданија во градот на светлината, Андерсон се придржуваше до овој принцип, храбро носејќи ги нејзините години и пеги.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Метју Меконахи и синот Леви во нов проект – испраќаат залихи за жителите на Мауи

Urednik

Откако постави титаниумска протеза, Канје Вест ги загрижи обожавателите: „Што му е на усната?

Radmila Tasevska

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

Urednik