СТАНДАРД life
Шоубиз

Откриено зошто се разведе еден од најголемите холивудски парови

Тој бил воодушевен од неа многу пред да се сретнат, па не му требало долго да ја запроси. Парот се венчал во ноември 2015 година и изгледаше како да е среќен во текот на целиот брак.

Џо еднаш рече за нивната заедница: „Тоа е толку лесна врска – лесна на сите вистински начини. Гледајќи наназад на врските што ги имав пред оваа, мислам дека универзумот ми даваше напорна работа.“ Но, знаеме дека ниту една врска не е совршена и се чини дека Софија и Џо не можеа да надминат некои од пречките на кои наидоа.

Официјалната изјава на парот во врска со нивниот развод беше прилично цврста: „Ние ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашиот живот.“ Сепак, блиски извори дадоа повеќе информации за тоа што се случува. Блиските на Софија и Џо забележале дека иако имале многу љубов еден кон друг, им се допаѓаат различни работи.

„Џо е големо дете – сака да игра „Dungeons & Dragons“, сака да се бори, сака видеоигри, сака филмови со суперхерои, сака стрипови, оди на концерти, тој е голем фан на НФЛ.“, открил изворот. „Тој секогаш сака да биде надвор и едноставно да се забавува. И тогаш, кога е време да биде сериозен и кога е време за работа, тој го вклучува тој дел од себе, но секогаш е подготвен да го живее животот во потполност и да си оди надвор и само да се забавува“.

Од друга страна, Софија е „целосна спротивност“, таа е повеќе ориентирана кон „животниот стил на славните“ со фенси вечери и патувања. На крајот, нивните разлики создале растојание меѓу нив. „Потоа, малку по малку, престанаа да сакаат да бидат заедно и престанаа да се дружат. Нивните ставови за сè беа сосема различни, а такво нешто исклучително ја исцрпува врската“, објаснил изворот. Сега кога веќе не се заедно, им е полесно. Романтичниот дел од нивната врска е завршен.

Поврзани вести

📸 По разводот со Софија Вергара, Џо Манганело ја претстави новата девојка

Radmila Tasevska

📽Сестрата на Мараја Кери шокираше со последното појавување во јавноста, но и со својот изглед

Urednik

Мадона ги собори сите рекорди: Билети за концертот на кралицата на поп музиката можат да си дозволат само најбогатите

Radmila Tasevska