Темата на Мет Гала се открива неколку месеци однапред за гостите да имаат време да најдат соодветни аутфити. Најчесто станува збор за дизајнерски парчиња направени специјално за оваа пригода, со оглед на темата за таа година.
Го обожаваме овој настан! Секоја година познатите личности изненадуваат со своите комбинации и едвај чекаме да видиме што ќе облечат за нејзиното следно издание.
Темата е откриена и ќе биде:„Sleeping Beauties: Reawakening Fashion“„Заспани убавици: Повторно будење мода“. Темата на „Заспаната убавица“ не е за принцезите на Дизни ако така мислевте на почетокот. Не, не, не – под заспани убавици се подразбираат архивски фустани на познати дизајнери кои ќе бидат изложени за оваа пригода. Станува збор за фустани кои одамна одеа по модните писти и се во кревка состојба и се чуваат под посебни услови. Никој повеќе не може да ги носи затоа што веројатно би биле уништени. Гостите на Мет Гала ќе имаат единствена можност да прошетаат низ „модниот музеј“ и да ги видат прекрасните креации од некои минати времиња.
View this post on Instagram
Славните личности нема да можат да ги носат тие фустани. Тие ќе мора да работат со дизајнерите кои ќе ги облекуваат за да најдат креативни начини да ги пресоздадат нивните детали или нив, без се разбира да бидат чиста копија. Ќе мора да најде начин да им вдахне нов живот на свој начин.
Како и секоја година, Мет Гала ќе се одржи на пролет, а овој пат ќе биде на 6 мај 2024 година.