СТАНДАРД life
Стил

📸Како да се сестри: Синди Крафорд и Каја Гербер модно координирани

Супермоделот Синди Крафорд и нејзината ќерка, успешната манекенка Каја Гербер, изгледаа сензационално на изложбената забава на „Planet Omega“ одржана во Њујорк.

Убавата мајка и ќерка го украдоа вниманието на овој настан, на кој присуствуваа голем број познати фаци.

За нивните гламурозни „all black“ изданија, кои ги избраа за оваа пригода, добија само бројни комплименти.

Синди (57) на настанот се појави во долг црн фустан кој го дополни со чанта и часовник „Omega“, додека 22-годишната Каја носеше црно мини здолниште и тесна црна долчевита, а облеката ја надогради и со стилети и елегантен часовник.

Синди Крафорд и Каја Гербер
Синди Крафорд и Каја Гербер

Убавата Каја, за која многумина велат дека ќе ја надмине својата славна мајка во светот на модата, ултра шик изгледот го комплетираше со лежерна пунџа и одлична шминка, додека Синди својот елегантен стајлинг го заокружи со „клач“ и коса обликувана во меки локни.

Покрај Каја, Синди и нејзиниот сопруг Ренди Гербер го имаат синот Присли (24), исто така модел и манекен.

Убавата ќерка на Силвестер Сталоне, Систин Сталоне, Дајан Гереро, Нони Сингор, Брајана Рајт и други, исто така не го пропуштија овој настан.

Поврзани вести

Неодоливата Клаудија Шифер! Фотографии од одмор што го одземаат здивот

Urednik

📷Фустанот на убавата црвенокоса актерка е чиста фантазија

Urednik

Разводот не ја погоди: Софија Вергара во заводливо издание на концерт

Urednik