Џенифер Лоренс беше вистинска ѕвезда на филмската франшиза „The Hunger Games“. Таа ја играше вештиот стрелец Кетнис Евердин во четири филма.
Иако оваа улога не ја катапултира Лоренс во центарот на вниманието, бидејќи доби номинација за „Оскар“ за „Winter’s Bone“ во 2011 година, таа помогна да го зацврсти нејзиниот статус како една од најталентираните актерки во тоа време. Колку талент покажала тогаш доволно говори и фактот што ги излудувала останатите актери на сетот.
Тоа го потврди и режисерот на филмовите од таа франшиза, Френсис Лоренс. Тој беше гостин во подкастот „Среќен, тажен, збунет“ и призна дека актерката лесно можела да влегува и излегува од нејзиниот лик без никаков проблем.
„Таа 100% може да го направи тоа. Работев со неа на четири филма и можам да кажам дека во „Red Sparrow“ имаше проблеми во тешките сцени. Таа не можеше туку така да влезе во чевлите на нејзиниот лик. Но, во „The Hunger Games“, таа беше во своите дваесетти години и можеше да влезе во нејзината улога во секунда. Некои актери полудува затоа што таа го прави тоа без многу потешкотии“, изјави режисерот.
„Некои од актерите беа полудени од фактот дека во еден момент таа можеше да се шегува и глуми, а кога ќе почнеше снимањето, таа веднаш ќе станеше сериозна. Беше навистина неверојатно да се види, нешто сосема неверојатно“, признал тој.
Џенифер Лоренс за голата сцена во новиот филм: „Ниту една секунда не се двоумев“