Доколку сте останале без идеи за ручек и вечера, ви предлагаме рецепт за печени солени палачинки со печурки и туна.
Иако можеби сме повеќе навикнати да јадеме палачинки како слатко, нивната солена верзија е одличен избор. Како и во слатката верзија, секогаш можете да ги „наполните“ со различни прилози – од шунка и месо, до разни видови зеленчук, сосови и кашкавали.
Денеска ви препорачуваме палачинки со печурки и туна, потпечени со кашкавал.
Состојки:
за палачинки:
* 120 гр брашно
* 1 јајце
* 1 чаша млеко
* 1 лажичка масло + масло за пржење
* сол по вкус
за полнење:
* 1,5 лажици брашно
* 1,5 лажици путер
* 1 чаша млеко
* 250 гр туна на парчиња
* 150 гр печурки
* 2 лажици рендан кашкавал
* 1 лажица сецкан копар
* сол и бибер по вкус
Подготовка:
Во сад просејте го брашното, додајте сол и едно јајце, па додадете го млекото и маслото и сето убаво изматете додека не добиете мазна текстура.
Оставете ја смесата да отстои околу 15 минути, а потоа печете ги палачинките по вообичаен рецепт, од двете страни околу 30 секунди.
Загрејте средно длабоко тавче и додадете путер, потоа додадете брашно, сол и бибер и сè измешајте на тивок оган околу две минути. Потоа истурете го млекото и мешајте додека сосот не се згусне.
Тргнете ја тавата од оган и во смесата додадете ја туната на парчиња, а потоа печурките и копарот. Нежно измешајте сè и вратете на тивок оган уште неколку минути.
Оставете го филот со туна и печурки да се излади доволно за да ги наполните палачинките.
Ролуваните палачинки наредете ги во огноотпорен сад и посипете ги со рендан кашкавал.
Садот се пече на 180 степени 20 минути или додека кашкавалот не се растопи.
Послужете топло со сезонска салата.
На здравје!