СТАНДАРД life
Шоубиз

Бен Афлек и Мет Дејмон обвинети поради вознемирување и закани за силување

Адвокатка од Њујорк, која не сакаше да го открие идентитетот, ги тужи актерите Бен Афлек и Мет Дејмон за малтретирање и следење.

Во оваа тужба, жената тврди дека Бен Афлек и Мет Дејмон го користеле нејзиниот идентитет и личните искуства за потребите на нивниот филм, без нејзина дозвола.

Актерското дуо е обвинето дека ѝ го нарушиле домот и хакирале уреди, поради што се плаши дека ќе биде киднапирана и силувана.

Овој случај, во најмала рака, ја разбранува јавноста, но и актерскиот свет. Како што наведе повредената жена во тужбата, до која ексклузивно дојде Дејли Меил, неколку филмови, како на пр.„Maid in Manhattan“ и „Gone girl“, содржат елементи преземени од нејзиниот приватен живот.

Во тужбата, поднесена во Врховниот суд на Њујорк, се именувани и Кејси Афлек, Џенифер Лопез, Кевин Смит, Рајан Сикрест и Харви Вајнстин како соучесници во наводниот плагијат и лични приказни без барање.

Во 2001 година, наводната жртва стана дел од веб-страницата основана од Мет Дејмон и Бен Афлек, наречена „Project Greenlight“.

Оваа страница е создадена за писателите да можат да се соберат и да разговараат за нивните идеи.

Како што тврди оштетената, идеите што таа ги презентирала тогаш биле искористени без нејзино одобрение.

Поврзани вести

Еден од најпопуларните парови го поминува одморот во Мексико

Urednik

Шарлиз Терон стави крај на гласините за пластичните операции

Urednik

📸 Кортни Кардашијан, Тревис Баркер и нивните јазици на Еми

Radmila Tasevska