Посна варијанта на крем од лешник е совршен начин да се засладите, дури и ако не постите.
Дали сте подготвени да добивате комплименти благодарение на овој едноставен рецепт?
Состојки:
* 200 гр печени лешници
* 100 гр шеќер во прав
* кесичка ванилин шеќер
* една лажичка кокосово масло
* лажица какао во прав
Подготовка:
Излупете ги лешниците и изблендирајте ги. Доколку веќе немате печени лешници, доволно е да ги испечете на 180 степени околу 15 минути.
Со повремени паузи блендирајте ги лешниците додека целосно да се сомелат и со текот на времето ќе станat погуста, но кремаста смеса.
Кога смесата ќе стане ваква, додадете кокосово масло, ванилин шеќер, шеќер и какао.
Повторно блендирајте неколку минути за да се соединат сите состојки.
Ако кремот е премногу густ, слободно додадете уште една лажичка кокосово масло.
Готовиот крем истурете го во тегла и оставете го малку во фрижидер.
На здравје!