СТАНДАРД life
Здравје

Дали е важно и по кој редослед јадеме: Пристап кој може да помогне при губење на тежината

Знаеме многу за тоа каква храна да јадеме. Во кое време од денот треба да јадеме. Но, новите студии покажуваат дека е важен и редоследот по кој јадеме храна за време на оброкот.

Имено, ако оброкот го започнеме со зеленчук кој е богат со растителни влакна, протеини или масти, а за крај оставиме ориз, леб или тестенини, тоа ќе го подобри нивото на гликоза во крвта и ќе ја зголеми концентрацијата на оние хормони кои ни сигнализираат дека сме сити и дека треба да престанеме да јадеме. Некои студии дури покажуваат дека овој пристап кон исхраната може да помогне при губење на тежината.

Оваа стратегија вклучува правилен редослед на храната што ќе ја јадете.

Принципот е едноставен – оставете се што е богато со јаглехидрати за крајот на оброкот.

На пример, можете да започнете и со бадеми. Една студија покажа дека луѓето кои земале 20 грама бадеми пред нивните дневни оброци во текот на 16 недели значително го намалуваат нивниот процент на телесните масти, вклучувајќи ја и опасната висцерална маст што ги опкружува внатрешните органи, во споредба со контролната група.

Друга опција е да го започнете оброкот со салата. Дури и ако после тоа продолжите со храна богата со јаглехидрати, салата која е богата со растителни влакна ќе го забави варењето, ќе влијае на помало зголемување на концентрацијата на гликоза во крвта, а исто така ќе ве засити, па ќе завршите со помала порција од јаглехидрати.

Едно истражување покажа дека луѓето кои заедно со зеленчук консумираат и протеини (да речеме пилешко), а дури потоа јаглехидрати, создаваат високо ниво на хормони за ситост и имаат поблаго и постепено зголемување на концентрацијата на шеќер во крвта во споредба со оние кои земале ист оброк, но измешано, се заедно.

5 знаци дека јадеме премногу леб

Поврзани вести

Ако се будите со главоболка, ОВА би можеле да бидат причините

Urednik

Бактерија во јогуртот го намалува стресот и помага во спречување на депресија и анксиозност

Urednik

Пуканките навистина помагаат при слабеење, но само под одредени услови

Urednik