СТАНДАРД life
Шоубиз

📸Дамијано Давид фатен со нова девојка: Фронтменот на „Манескин“ потврди дека е во врска со познатата пејачка

Италијанскиот пејач и фронтмен на групата „Манескин“, Дамијано Давид се прослави со победата на Евровизија 2021 година со песната Ziti E Buoni.

Сега е потврдено дека Дамијано е во врска со пејачката и актерка Дав Камерон, а фотографиите од папараците ги разоткриле.

Еднаш беа фатени како напуштаат концерт на „Манескин“ и заедно влегуваат во автомобил во Сао Паоло, Бразил.

Тие беа фатени и како се шетаат и се бакнуваат на плажа во Сиднеј, а откако фотографиите беа објавени во италијанскиот магазин Chi, тие брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Камерон има бројни достигнувања, но се прослави со двојната улога во хумористичната серија „Лив и Меди Руни“, како и во улогата на Мал во филмот „Наследници“.

Да потсетиме, во јуни годинава беше објавено видео на кое се гледа како Дамијано се бакнува со непозната девојка во клуб, таа снимка крена голема прашина бидејќи така стана познато раскинувањето на врската помеѓу манекенката Џорџа Солери и Дамијано.

Фронтменот на групата се огласи и рече дека не ја изневерил затоа што тој и Џорџа раскинале неколку дена пред тоа, но не го објавиле тоа бидејќи не можеле да се справат со ситуацијата.

Инаку, многу брзо се дозна со која девојка се бакнува Дамијано. Тоа е Мартина Таљенти, една од најдобрите пријателки на басистката „Манескин“, Викторија де Анџелис.

Поврзани вести

На интернет кружи луда теорија зошто сопругата на Канје Вест често е полугола во јавност

Radmila Tasevska

Вистинска холивудска приказна: Го сними „Барби“, доби дете и сега – се омажи

Urednik

Позната причината за смртта на ѕвездата од „Euphoria“: Актерот (25) пред два месеци беше пронајден мртов во својата куќа

Urednik