Популарната британска пејачка Дуа Липа (28) и францускиот режисер Ромен Гаврас (42) раскинаа по осум месеци врска, пренесува Daily Mail.
– Ромен мисли дека Дуа е работохолик, но нема намера да успорува за ништо и никого – открил извор близок на поранешната двојка, додавајќи дека таа моментално сака да се фокусира исклучиво на работата бидејќи наскоро ќе излезе нејзиниот нов албум.
Поранешната двојка ја потврди својата врска уште во март, кога беа видени како се упатуваат дома заедно по ревијата на Ив Сен Лоран на модната недела во Париз. Последен пат беа видени минатата недела во друштво на нејзиниот брат Ѓин (17).
Инаку, музичарката се прослави во 2017 година со својот деби албум „Dua Lipa“, по што следеше албумот „Future Nostalgia“ објавен во 2020 година. Таа моментално го завршува својот трет албум, кој, како што еднаш откри, е многу “личен”.
– Зборува за различните емоции и чувства кои ги имав додека бев сингл, но и за разбирањето. Разберете што сакате, што ви треба и што заслужувате. Започнува од фазата на разбирање на онаа кога сте слободни до потенцијално нова врска. Потоа, тука се оние рани денови кога ќе ја видите вистината зад некого – без разлика дали е вистински или не. Или кои се тие, објасни тогаш таа.