СТАНДАРД life
Шоубиз

Дуа Липа наскоро би можела да стане милијардерка

Дуа Липа наскоро би можела да стане најбогатата британска поп-ѕвезда откако решила дека повеќе нема да работи со менаџерската компанија со која соработувала со години. Но, 28-годишната пејачка не застана тука, таа ги откупи и сите права на нејзиниот претходен каталог на песни, правејќи голем деловен чекор.

Сето ова е всушност логичен редослед откако таа донела одлука дека отсега сите менаџерски улоги ќе ги преземе нејзиниот татко, бизнисменот Дукаѓин Липа, благодарение на кого конечно би можела да стане милијардерка.

Татко и ќерка ја формираа Radical 22 Publishing Limited за да управуваат со комерцијалните средства само неколку дена откако таа објави дека ги прекинала сите врски со нејзината поранешна компанија за управување „TaP“.

„Дуа сака да ја врати контролата над својата кариера и Дукаѓин е тука да и помогне. Чувствуваше дека Дуа дава превисок процент од својата заработка, а откако стана нејзин менаџер сфати дека следниот логичен чекор е да станат официјални деловни партнери“, изјави добро информиран извор, додавајќи дека Дукаѓин Липа ќе направи се во најдобар интерес на неговата ќерка.

Инаку, таа компанија според договорот со „TaP“ и земала околу 20 отсто од приходите, а сега со помош на татко и Дуа ќе земе се што ќе заработи.

Инаку, соработката на Дуа Липа со „TaP“ започна во 2013 година кога извршниот директор Бен Мосон ја забележа во еден лондонски коктел бар.

Дуа Липа се соочува со трета тужба за истата песна, може да изгуби 20 милиони долари

Поврзани вести

И Кејт и Вилијам се расправаат: Блиска личност открива кој го крева тонот и кој ја „спушта топката“

Urednik

Продолжението на „Барби“ под знак прашалник

Urednik

Додека неговата поранешна сопруга се одмара со пријателот, Кевин Костнер ги однел децата во Аспен

Urednik