СТАНДАРД life
Стил

📷Пенелопе Круз доминираше на црвениот тепих во прекрасен фустан

Шпанската актерска дива, крунисана со Оскар, Пенелопе Круз блесна на црвениот тепих на свечената премиера на филмот „Ферари“ во Лос Анџелес.

Црниот фустан до подот со шарени цветни апликации, ситни блескави камења и тесни прерамки, по избор на 49-годишната Пенелопе, е дел од колекцијата висока мода на „Шанел“ минатата сезона.

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз

Нејзините сандали на платформа, исто така од „Шанел“, се одликуваа со свилен мазен црн горен дел, додека суптилните метални детали беа истакнати долж заоблениот ѓон.

Истите сандали ги носеше на 3 декември во Лондон, на средба со претставници на седмата сила во рамките на промо турнејата на филмот „Ферари“.

Поврзани вести

📸Во ласкав фустан инспириран од 80-тите: Прекрасната Моника Белучи предизвика возбуда на гала вечерата

Radmila Tasevska

Одамна не сме ја виделе: Камерон Дијаз во ефективно издание на улиците на Беверли Хилс

Urednik

📸Како да се договориле: Маргот Роби и Емили Блант носеле речиси идентични фустани

Urednik