СТАНДАРД life
Храна

Брз петочки ручек: Печени компири со печурки

Количината на состојки е идеална за две лица, а подготовката ќе трае околу еден час.

Состојки:

* 5 компири
* 8 печурки
* 1/2 кромид,
* 2 чешниња лук
* мајчина душица
* 1 дл бело вино
* 50 гр гауда кашкавал
* сол
* свежо мелен пипер

Подготовка:

Во тава пропржете ги кромидот, печурките, лукот и малку бело вино. По неколку минути додадете го остатокот од виното, мајчината душица, солот и биберот.

Гответе ги неизлупените компири во солена вода околу 15 минути. Извадете ги од водата да се излади и исечете ги на четири дела за да можете да ја наполните средината со печурките.

Со сосот премачкајте ги компирите и печете во загреана рерна на 200 степени половина час.

Извадете ги компирите од рерна, посипете ги со кашкавал и вратете ги во рерна уште десетина минути.

На здравје!

Поврзани вести

Здрава чорба која го зајакнува имунитетот! Идеална во борбата против настинки

Urednik

Посни крофни од рерна

Urednik

Старински рецепт за совршени тулумби

Urednik