СТАНДАРД life
Шоубиз

Роберт Патинсон ја запроси својата бремена девојка: „Едвај чека да стане татко, возбудени се“

Актерот Роберт Патинсон (37) и неговата долгогодишна девојка, пејачката Суки Вотерхаус (31), тајно се вериле, пишува People.

– Верени се. И двајцата сакаат да се венчаат, тоа им е многу важно – рекол извор близок до парот.

Да потсетиме, парот неодамна откри дека го чекаат своето прво дете. Изворот, исто така, рече дека Патинсон „едвај чека да стане татко“ и дека Суки „има посебен труднички сјај“.

Гласините за веридбата започнаа кога парот заедно прошета низ улиците на Лондон. Суки го покажа трудничкиот стомак, но она што на многумина им падна во очи е дијамантскиот прстен на нејзината рака.

Да потсетиме, Суки ја откри веста за бременоста додека настапуваше на фестивал во Мексико, велејќи ѝ на публиката:

– Денеска решив да облечам нешто светкаво бидејќи мислев дека може да го одвлече вниманието од нешто друго што се случува. Не сум сигурна дали функционира…

Поврзани вести

Кели Озборн проговори по смртта на таткото Ози: Го изгубив мојот најдобар пријател

Urednik

Снуп Дог ги прозва Греми затоа што никогаш не освоил награда

Radmila Tasevska

Софија Вергара откри дека ги чува своите разголени фотографии, а откри и каде ги чува

Radmila Tasevska