СТАНДАРД life
Шоубиз

Ирина Шајк откри каков татко е Бредли Купер: „Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме“

Во интервју за Elle, Ирина Шајк истакна колку е горда на Бредли Купер за неговиот придонес во семејството и дека не може да замисли подобар татко за своето дете.

„Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме. Секогаш наоѓаме начин да направиме сè да функционира“, рече таа, а потоа истакна дека и двајцата се трудат да поминат што повеќе време заедно со нивната 6-годишна ќерка, дури и ако тоа значи да ги однесат на работното место.

Со неа е многу лесно. Пред два дена морав да одам во теретана, па и зедов боенка и ѝ реков: „Мама вежба“. Таа црташе еден час, а потоа отидовме на проба на Мајкл Корс. Ги запозна сите девојки‘.

Таа раскажа и анегдота за тоа како нејзината Леа добила чанта Мајкл Корс на пробата, а во замена подарила цртеж од мачка.

Ирина уште еднаш истакна колку е благодарна што нејзината ќерка има можност да порасне во подобри услови отколку што таа имала и што таа и Бредли се трудат да и пружат што повеќе искуства.

„Гледајќи ја ќерка ми, таа расте во сосема поинаква средина. Таа живее во Вест Вилиџ и патувала во многу држави во изминатите два месеци, но сакаме да знае колку вредат работите. Сакаме да и покажеме дека мора да работи напорно за да добие нешто“, заклучи таа.

Поврзани вести

📽Сандра Булок му ја исполни последната желба на својот покоен партнер

Urednik

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Radmila Tasevska

📸 Ријана рекламираше долна облека од својот бренд

Radmila Tasevska