СТАНДАРД life
Здравје

Дали сокот од портокал е навистина здрав?

Сокот од портокал често се издвојува како еден од омилените начини за здрав почеток на денот.

Соковите најчесто ги купуваме во продавниците, а кога сме во можност, самите цедиме портокали и ја пиеме домашната варијанта. Но, се поставува прашањето колку всушност сокот од портокал е здрав и какви здравствени придобивки добиваме додека го пиеме.

На ова прашање одговорила диететичарката Меги Михалчик која тврди дека зависи од тоа што има во сокот од портокал, односно од информациите и списокот на состојки на пакувањето.

„Сокот од портокал може да биде дел од здравата исхрана бидејќи е преполн со витамин Ц, калиум и други есенцијални хранливи материи. Сепак, некои видови сок од портокал може да содржат додаден шеќер и помалку хранливи материи од свежо цедените или 100 проценти природни сокови“.

Тој додава дека е важно да бидеме свесни колку шеќер и други состојки има во пијалоците што ги консумираме.

„Сокот од портокал може да биде здрав додаток на добро балансирана исхрана, но не сите сокови од портокал се исти“, вели Михалчик, а диететичарката Ерика Инграм се согласува.

Таа објаснува дека „сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, за кој е познато дека има корисен ефект врз имунолошкиот систем“, и додава дека сокот од портокал е богат со калиум, кој е важен за здравјето на срцето и мускулната функција .

Како редовното консумирање сок од портокал влијае на нашето тело?

Редовното консумирање на сок од портокал, се додека е без додаден шеќер, може позитивно да влијае на нашиот организам.

„Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, кој помага во поддршката на имунолошкиот систем“. Особено, витаминот Ц е вклучен во растот и поправката на ткивото, што може да помогне во закрепнувањето од болести и повреди“, објаснува Инграм.

Ако пиеме сок од портокал збогатен со витамин Д, Инграм додава дека дополнително го зајакнува имунолошкиот систем. Витаминот Д им помага на имуните клетки да се одбранат од патогени како бактерии и вируси.

На долг рок, консумирањето сок од портокал може да помогне да се подобри здравјето на кожата, здравјето на срцето и да се зајакне имунитетот поради неговите хранливи материи и антиоксиданси, истакнува Михалчик.

Диететичарите истакнуваат дека не треба секојдневно да претерувате со порциите на сокот, бидејќи дури и шеќерот кој доаѓа од овошјето може негативно да влијае на организмот доколку се консумира во прекумерни количини. Додаваат дека најдобро е да се испие чаша сок од портокал со појадок кој содржи протеини и незаситени масти

Поврзани вести

5 случаи кога хормоните носат добро расположение

Radmila Tasevska

Треба да ги јадеме овие две намирници ако сакаме да го намалиме салото на стомакот

Urednik

Дополнителна шолја кафе на ден може да ви помогне да изгубите тежина

Radmila Tasevska