СТАНДАРД life
Шоубиз

Кармен Електра поднесе барање за промена на нејзиното име – Дали знаете како е нејзиното вистинско име?

Американската пејачка и актерка најпозната по уметничкото име Кармен Електра поднесе барање за промена на името, пишува TMZ.

Од документите со кои располагаат американските медиуми евидентно е дека актерката сака законски да го смени вистинското име Тара Ли Патрик во Кармен Електра, а барањето го поднела на 29 декември 2023 година. Сè уште не се знае дали нејзиното барање е прифатено, но според ТМЗ барањето за промена на името е многу брз процес, па наскоро ќе се знае дали е прифатено.

Нејзините обожаватели не се изненадени од оваа вест бидејќи токму со името Кармен Електра таа стекна голема популарност. Имено, актерката го користи тоа име уште од кога стапи на сцената во 90-тите години, кога се прослави како Лани Мекензи во осмата сезона на популарната телевизиска серија „Спасувачка служба“. Таа глумеше и во филмовите „Ќерката на мојот шеф“ и „Мракот 2“, а гостуваше и во епизодите на серијата Џои и серијата „Нови деца од Беверли Хилс“.

Поврзани вести

Ролинг Стоунс претставија нов албум, прв по 18 години

Urednik

Ѕвездата на „Опенхајмер“: „Ми рекоа дека морам да ослабам ако сакам да успеам како актерка…“

Urednik

🎥Решена драмата: Наводниот развод на славниот пар крена бура на социјалните мрежи

Urednik