Бакнувањето е чин кој не само што нè зближува, но и не тера да се чувствуваме среќни и пожелни. Бакнежите ни помогнуваат не само да се насмевнеме, но и да согориме неколку непотребни калории.
Но, има ли нешто што би можело да ги упропасти бакнежите со саканиот? Да! Еве на што е добро да се обрне внимание.
Суви усни. Бакнувањето со суви усни може да биде проблем. Освен тоа сувите усни не изгледаат примамливо и секси. Сувите усни можат да се резултат на сувост во устата, што од своја страна ќе доведе и до појава на лош здив.
Лигавење. Хиперпродукцијата на плунка понекогаш може да биде предизвикана од одредени медицински состојби, но понекогаш бакнувачите мислат дека така ќе го направат моментот посензуален. Не претерувајте со плунката и лигата, бидејќи тоа може да ве „удави“ вас и вашиот партнер.
Гризење. Да, тоа е секси кога е нежно и се флертува. Премногу гризење може да не му се допадне на партнерот. Затоа бидете внимателни во страстите.
Дишење. Може да имате назален проблем или страстите да се разгорени, но бидете нежни со издишувањето во лицето на партнерот. Дури и здивот да е идеално свеж, неприфатливо е да се издишувате во лицето на партнерот.
Чудни звуци. Бакнежите се пријатни порани неколку причини. Кога чувствуваме задоволство од актот, но и возбуда, нормално е да го изразиме тоа и со звук. Но звукот на лигавење, претерани воздишки, можат да го убијат расположението на партнерот.
Лошиот здив. Консумирање на несоодветна храна, пијалаци, стомачни и стоматолошки проблеми често ја предизвикуваат појавата на лош здив. Ако не мирисате свежо, немате шанси да бидете бакнати.
Ритам. Бавниот и сензуален ритам секогаш се смета за добар. Од друга страна брзото темпо и страсниот бакнеж може да е добро прифатен само ако вие и партнерот не се чувствувате така како да сте во трка. Фатете го ритамот, почувствувајте го партнерот, инаку ризикувате да заглавите во графата лоши бакнувачи.
Јазикот. Движењата на јазикот се од суштинско значење за добар бакнеж. Кога сте неодамна со партнерот и не сте го проучиле она што му се допаѓа во бакнувањето, следете движењата на јазикот на другиот. Но ако заборавите да ги следите другиот, постои опасност движењата на јазикот да бидат како да се обидувате да ги исчистите забите на партнерот.
Удирање на забите. Сосема нормално е понекогаш во моменти на страст да ги удрите усните и забите. Но, ако тоа се случува често, не само што нема да ги направи бакнежите пријатни, но крие ризик и да се повредите. Затоа не се обидувајте да ја бутнете целата уста во онаа на партнерот.