СТАНДАРД life
МК Сцена

Слаткар: „Сум пеел во дискотеката „Пулс“ 8 пати, со месеци не спиев по трагедијата“

Нашиот познат музичар Марко Маринковиќ, попознат како Слаткар си ја отвори душата во емисијата „Животна приказна“ која се емитува на МТВ со водителката Здравкица Милиќ.

Меѓу другото, тој зборуваше за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се случи на 16-ти март годинава, каде што за време на настапот на ДНК загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени.

По трагедијата, Слаткар и Тони Зен веднаш го откажаа претходно закажаниот концерт во Скопје, којшто беше закажан за 5-ти април.

Јасно е дека трагедијата во Кочани донесе нова колективна траума за македонското општество, но Слаткар како човек којшто и сам е дел од шоу бизнисот и кој загуби колеги и свои фанови, сега за првпат раскажа како го доживеал сето тоа.

„Па јас сум пеел во таа дискотека осум пати.

Јас не сум бил близок, ама работам слична работа, на истите места.

Јас сум пеел таму осум пати, сум пеел на истите деца таму и да мене ми беше тешко за нив, ми беше тешко за тие деца.

Тоа се деца што не им почнал животот. Ми беше страшно…

Не можев да спијам. Не можев да спијам повеќе од еден час, час и половина, и тоа траеше со месеци“ – рече Слаткар.

Краткото видео од неговата изјава погледнете го во продолжение:

Поврзани вести

Мила Србиноска со бронзен медал на Европското првенство во хип хоп

Urednik

Пред 17 години не напушти големиот Тоше Проески

Urednik

Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ републиката

Urednik