СТАНДАРД life
МК Сцена

Започнува регионален предизвик за бармени со парични награди од 30.000, 4.000 и 2.000 евра

Наскоро започнува најголемиот регионален натпревар Бадел Мастерклас, на кој најкреативните бармени од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина со своите знаења и вештини ќе се борат за парична награда од 30.000 евра.

„Покрај богатиот награден фонд, овој натпревар е создаден за негување заедница на страсни коктел мајстори, кои преку споделување на своето знаење градат пријателства, се инспирираат едни со други и ја слават нивната љубов кон оваа креативна професија.

Домаќините на натпреварот, исто како и стручното жири, се харизматични и искусни миксолози кои ќе ги водат натпреварувачите низ серија возбудливи предизвици кои ги тестираат вештините, приспособливоста и креативноста на натпреварувачите, пред да ја доделат титулата Master of Mixology.“ – велат организаторите од компанијата Бадел 1862.

Пријавувањето е веќе отворено на вебстраницата Бадел Мастерклас и трае до 16 февруари.Сите полнолетни кандидати со живеалиште во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина се пријавуваат во својата држава, а кандидатите од ЦрнаГора може да се пријават за натпреварот во Белград.

Освен парична награда, највештиот и најкреативниот бармен ќе стане бренд амбасадор на Бадел. Добитникот на втората награда ќе освои 4.000 евра, а за третопласираниот следи награда од 2.000 евра.

Натпреварот ќе се одвива во три возбудливи круга. Во првиот круг,кој ќе се одржи на 18 февруари, пријавените кандидати ќе поминат онлајн проверка на теоретско знаење каде ќе се бодува и брзината и точноста на одговорите.

Вo следните квалификации продолжуваат натпреварувачите коишто ќе одговорат на најмногу точни прашања во најкраток можен рок.

Вториот круг ќе се одржи на 5 локации – Скопје, Загреб, Љубљана, Сараево и Белград,каде ќе се натпеваруваат по 20 кандидати со најмногу добиени поени од првиот круг. Вкупно 100 натпреварувачи ќе имаат прилика да ги покажат своите вештини на регионално ниво.

Третиот и финален круг ќе ги собере најуспешните кандидати од сите држави од вториот круг на натпревари, кои ќе се борат за наградата од 30.000 евра. Финалето ќе се одржи во Загреб од 8 до 16 април.

Сите информации се достапни на официјалната вебстраница Бадел Мастерклас.

 

Поврзани вести

Brass Brothers: ‘We Are Energy’ – Нова енергична музичка нумера што ја пренесува силата на позитивната енергија

Radmila Tasevska

Македонија 16 години без својот музички ангел Тоше Проески

Radmila Tasevska

Тамара настапи пред струмичани: „Уживање беше да се пее за вас“

Urednik