„Добредојде дома“ – му порачуваат следбениците на нашиот инфлуенсер Дарко Влогс, кој деновиве се врати на одмор во родната земја и секако, моментот го одбележа со кратко видео од плоштадот „Македонија“ во Скопје.
За оние што не знаат, Дарко Јефремов, попознат како Дарко Влогс, се прослави снимајќи видеа во САД, а откако подолго време правеше пауза на социјалните мрежи, минатата година пак се врати на Инстаграм во пофит издание од кога било.
Очигледно, е дека за време на престојот во татковината не планира да се откаже од строгиот режим на вежбање и одржување кондиција, па во Стори објави фотка дека денот го започнал со трчање по кејот на Вардар.
Инаку, тој и сопругата Даниела живеат и работат во САД, а очигледно летово нашиот инфлуенсер одлучил да не ја пропушти можноста да ја посети татковината.
„Еден рил, илјада емоции“ – напиша тој до краткото видео, на кое се гледа како го остава мобилниот телефон и се оддалечува за да се сними на плоштадот во Скопје.
View this post on Instagram