СТАНДАРД life
Здравје

За добар почеток на денот: Овие пијалоци се најздрави за пиење наутро

Утрото е време кога на телото му е потребен нежен почеток на денот, стабилна енергија, контрола на шеќерот во крвта и лесно варење.

Сепак, некои навидум безопасни утрински навики, како што се пиење газирани овошни сокови или кафе со голема количина шеќер и ароми, можат да предизвикаат ненадеен скок на гликозата и да стимулираат воспалителни процеси.

Многу овошни сокови, дури и оние означени како „100% природни“, се полни со природни и додадени шеќери, но немаат влакна – што доведува до брз скок, а потоа и до ненадеен пад на енергијата. Ваквите пијалоци можат да предизвикаат хронично, ниско ниво на воспаление во телото и да го нарушат балансот на шеќерот во крвта.

Исто е и со кафето полно со шеќер и адитиви, кое може да содржи до 300 калории во една шолја. Тие стимулираат зголемено лачење на инсулин и го зголемуваат ризикот од инсулинска резистенција.

Експертите ги препорачуваат овие пијалоци наутро:

* билни чаеви
* топла вода со лимон
* обична вода
* црно кафе без шеќер

Овие пијалоци овозможуваат нежен и здрав почеток на денот – без ненадејни флуктуации на енергијата и непотребно оптоварување на телото.

Поврзани вести

Седум суптилни знаци кои откриваат дека детето можеби страда од анксиозност

Urednik

Работи кои најсреќните луѓе на светот, кои живеат најдолго, ги прават секое утро

Urednik

Седум нешта што треба да ги јадете за здраво срце

Radmila Tasevska