Славниот Том Круз е еден од најистакнатите актери во Холивуд, а сега неговите колеги и соработници му оддадоа големо признание
„Сакам да знаете дека ќе направам сè што можам за оваа уметничка форма, да ги поддржам и бранам новите гласови, да го заштитам она што ја прави кинематографијата моќно. Се надевам дека без премногу скршени коски“, рече емотивниот Том Круз откако го прими почесниот Оскар на церемонијата на доделување на наградите.
View this post on Instagram
Том Круз, четирикратен номиниран за Оскар како актер и продуцент, го доби својот прв Оскар на 16 ноември 2025 година на доделувањето на почесните награди „Гувернерс“.
Овој почесен Оскар му беше доделен за извонредни достигнувања во текот на неговата 44-годишна кариера во филмската индустрија, а франшизите „Топ Ган“ и „Невозможна мисија“ се сметаат за негови најголеми достигнувања.
Емотивниот Круз во својот говор ја спомена и моќта на заедништвото што филмот го буди во нас: „Киното ме води низ целиот свет. Ми помага да ги ценам и почитувам разликите. Исто така, ми ја покажува нашата заедничка човечност, колку сме слични на толку многу начини. И без разлика од каде доаѓаме, во тоа кино се смееме заедно, чувствуваме заедно, се надеваме заедно, и тоа е силата на оваа уметност. И затоа е важно, затоа ми е важно мене. Снимањето филмови не е она што го правам, туку тоа е она што сум јас.“
View this post on Instagram
Да потсетиме, Том Круз е номиниран четири пати за Оскар, но сè уште не ја освоил најпрестижната награда.
Првата номинација за најдобар актер ја доби за филмот „Роден на Четврти Јули“ од 1989 година. Потоа следеа номинации за филмовите „Џери Магваер“ (1996) за најдобар актер и „Магнолија“ (1999) за најдобар спореден актер. Најновата номинација беше за најдобар филм како продуцент на „Топ Ган: Маверик“ (2022).
