СТАНДАРД life
Секс и врски

Шест причини зошто зимскиот секс е подобар од летниот

Секогаш е вистинско време за интимни моменти, но во зимските месеци сексот навистина загрева, лекува и спасува од лошо расположение.

Зошто сексот е подобар во зима отколку во лето?

1. Се гушкате подолго

Сексот на горештини од 30 степени може да биде тежок и непријатен, па дури и да ве вознемири. Проследен е со зголемено потење и дополнителен стрес за кардиоваскуларниот систем. Во такви услови ретко кој е способен за подолги љубовни игри. А по оргазмот сигурно не сакате да се гушкате, туку што побргу да се разладите под туш.

Во зима не треба да се грижите дали телата ќе ви се лепат. Блискиот контакт не нѐ нервира, туку нѐ загрева. По сексот се гушкате со задоволство, а како резултат на тоа се ослободува хормонот на љубовта – окситоцин, кој го интензивира чувството на наклонетост помеѓу партнерите.

2. Мажите имаат зголемено ниво на тестостерон 

Истражувачите од универзитетот Бен Гурион од Израел откриле дека нивоата на тестостерон кај мажите опаѓаат во текот на летото и достигнуваат кулминација во август.  Но, од октомври расте количината на машкиот хормон, со него и квалитетот на спермата, а врвот го достигнува во декември.

Овој феномен се објаснува не само со фактот дека топлината го потиснува тестостеронот, туку и со потсвесниот механизам на преживување кој сме го наследиле од претците.

3. Женското тело изгледа попривлечно

Студеното време ги прави мажите повеќе вљубени, според студијата на научниците во Велика Британија. На секои три месеци тие покажувале на група мажи фотографии од жени. На дел од фотографиите жените биле само со лице, другите фотографии биле од женски тела во костими за капење. Ставот кон првите фотографии останал непроменет во текот на целата година. Но, фотографиите на полуголите модели предизвикувал многу поголем ентузијазам во студените месеци.

Експертите ги објаснуваат резултатите со фактот дека во зима ретко гледаме голо тело и затоа реагираме на голотијата. Во текот на летото, мозокот го храни погледот на луѓето облечени поразголено.

4. Девојките/жените честопати имаат секс со чорапи

Која е поврзаноста помеѓу чорапите и задоволството од сексот? Одговорот го има Универзитетот во Гронинген – најстариот и еден од најпрестижните универзитети во Холандија.

Холандските научници откриваат седум научни причини зошто луѓето имаат тенденција да имаат повеќе секс во зима и зошто топлите чорапи ги зголемуваат шансите на жените за оргазам за 30 отсто.

Според експертите, целата поента е во смисла на безбедност и сигурност создадени од чорапите. Покрај тоа, кога нозете се топли, крвта циркулира подобро, што помага жената полесно да се загрее.

5. Интимноста носи уште поголеми здравствени придобивки

Сексот е секогаш корисен, но особено во зима. На крајот на краиштата, интимните односи можат да го одржат имунитетот што паѓа во студената сезона. За парови кои имаат секс еднаш или двапати неделно, нивото на имуноглобулин А (ИГА) во плунката е значително повисоко отколку кај оние кои имаат помалку секс.

Инаку, имуноглобулинот спречува инфекции на респираторниот тракт, гастроинтестиналниот тракт и генитоуринарниот систем, спречувајќи ги вирусите и бактериите да се врзат за муказната мембрана.

6. Сексот спасува од зимска депресија

Во летото и без секс, се чувствуваме среќни и задоволни од животот. И сето тоа затоа што сончевата светлина ни дава серотонин, хормон на радост кој е одговорен за нашето постојано добро расположение. Неговото ниво се редуцира со намалувањето на дневната светлина и како резултат на тоа се чувствуваме осамени и депресивни.

Поврзани вести

Убава, паметна, успешна, но сама? Експерт за врски открива зошто ваквите девојки не можат да најдат партнер

Radmila Tasevska

„Пепелашка правило“ може да ги промени вашите интимни врски засекогаш: Совршена игра за уморни парови, еве ја тајната

Urednik

Не мора да бидете идеални: 11 совети за хармоничен и среќен брак

Urednik