СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
Шоубиз

(Фото+видео) Никој не гледал Формула 1: Бијонсе го украде целото внимание, сите погледи вперени во нејзините гради!

Музичката ѕвезда Бијонсе уште еднаш докажа дека не ѝ треба волан во рацете за да доминира на црвениот тепих, или во овој случај, на тркачката патека. На Гран при на Ф1 во Лас Вегас, Бијонсе пристигна во впечатлив, тесен кожен тркачки костум поради кој никој не можел да го тргне погледот од славната пејачка.

Видеото и фотографиите од 44-годишната Бијонсе како пристигнува на настанот рака за рака со својот сопруг Џеј-Зи, облечена во кожен комбинезон со длабоко деколте и патент украсен со црни и црвени детали, стана вирално на социјалните мрежи. Особено внимание привлече блескавото лого со златни кристали на „Луј Витон“ на нејзините гради, видливо благодарение на откопчаниот горен дел од комбинезонот.

Изгледот го надополнила со црни потпетици, црвени ракавици без прсти и авијатичарски очила за сонце. Во еден момент, таа облекла и долг црн капут, додека камерите ја следеле во текот на нејзиниот гламурозен влез на трката.

 


Обожавателите не пропуштија ниту еден детаљ – Бијонсе позираше со црни мотоциклистички кациги, а на други фотографии држи блескава кацига покриена со логоа на спонзори. Во еден момент, таа дури и се качила во вистински болид.

Џеј Зи се одлучи за целосно црна облека – панталони, кошула и кожена јакна, со задолжителни очила за сонце.

Социјалните мрежи веднаш експлодираа, а коментарите беа исполнети со реакции од воодушевени фанови.

Бијонсе и Џеј Зи им се придружија на мноштвото ѕвезди кои овој викенд се упатија кон Лас Вегас за спектаклот во Ф1 – Бен Афлек, Синтија Ериво и Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс исто така беа видени на трибините.

Поврзани вести

(Фото) Објавиле фотографии во исто време: Ана Ивановиќ и Бастијан на Алпите, но детаљот ја открива вистинската вистина

Urednik

Џенифер Лоренс ги полудувала актерите на снимањето на „The Hunger Games“ поради една причина

Urednik

Микрофонот што Карди Би го фрли кон фановите купен за речиси 100.000 долари

Urednik