СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Луксузен живот: Братот на Новак Ѓоковиќ и убавата сопруга Сашка Веселинов живеат во Дубаи

Братот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата убава сопруга, водителката Сашка Веселинов станаа родители на синот Александар пред две години. Семејството во моментот живее во Дубаи, а Сашка често споделува моменти од своето секојдневие на социјалните мрежи, покажувајќи го нивниот луксузен семеен животен стил.

 


„Бидејќи ја укинавме количката пред една година (и тоа беше една од најдобрите одлуки), затоа што детето е активно на нозе цел ден. Меѓутоа, денеска го најде својот стар автомобил во магацинот, го надрасна уште одамна, но тоа сега воопшто не му пречи. Како и обично, тој командува каде да се оди и што да се прави, само сега во многу поудобна варијанта“, напишала Сашка.

Да потсетиме, Сашка неодамна го прослави својот 26-ти роденден, а својот посебен ден го помина во кругот на своите најблиски пријатели. Таа сподели фотографии со својот сопруг Ѓоковиќ и синот на Инстаграм, покажувајќи топла семејна атмосфера.

 

Особено прекрасен момент бил кога ги покажала прекрасните подароци што ги добила, меѓу кои се издвојувал огромниот букет што ѝ го подарил нејзиниот син.

Во септември 2022, братот на светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе во Црна Гора стапи во брак со својата девојка Сашка Веселинов, само неколку недели откако ја запроси на Калемегдан.

 

 

Поврзани вести

Бијонсе го најави новиот кантри албум на Супер Боул, реакцијата на обожавателите е се

Radmila Tasevska

Брајан Адамс за врската со принцезата Дијана: „Се обидов да ја спасам од се…“

Urednik

Бела Хадид за конфликтот меѓу Израел и Хамас: „Добивав стотици смртни закани секој ден“

Radmila Tasevska