Познатата холивудска актерка Кетрин О’Хара почина вчера на 71-годишна возраст, а веста за нејзината смрт ја објави агенцијата на актерката.
Кетрин О’Хара ја играше мајката на Калкин во оригиналниот филм „Сам дома“ од 1990 година, како и во продолжението „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“ од 1992 година.
Меколи Калкин (45), скршен од тага, се прости од својата „мајка“ Кетрин.
„Мамо. Мислев дека имаме уште време. Сакав уште време. Сакав да седам покрај тебе во фотелјата. Те слушав, но имав уште толку многу работи што сакав да ти ги кажам. Те сакам. Ќе се видиме подоцна“, напиша Калкин на Инстаграм, покрај двете фотографии, една сцена од филмот и друга која датира од 2023 година.
View this post on Instagram
Калкин често зборуваше дека О’Хара му била како мајчинска фигура и надвор од филмското платно. О’Хара беше покрај него и во декември 2023 година, кога тој доби ѕвезда на Холивудската патека на славните.
– „Сам дома‘“ беше и остана филм што луѓето ширум светот го обожаваат. Причината за тоа е што семејствата секоја година повторно го гледаат и повторно го засакуват и тоа благодарение на Меколи Калкин – изјави во таа прилика О’Хара.
