СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Шокантни тврдења на ќерката на Дејвид Боуви: Татко ми присилно ме смести во центар за злоупотреба, врескав…

Александра Џонс, ќерка на легендарниот музичар Дејвид Боуви и супермоделот Иман, отворено проговори за своето искуство во таканаречената „терапија во дивината“, програма наменета за „превоспитување“ на проблематични тинејџери.

Џонс рекла дека не била покрај својот татко кога тој починал, бидејќи тој ја сместил во центар за лекување неколку години претходно. Џонс рекла дека била принудена да се вклучи во програмата на 14-годишна возраст откако почнала да експериментира со алкохол и дрога кога татко ѝ се разболел од рак на црниот дроб.

„Татко ми го прочита писмото што го напиша. Не се сеќавам точно што пишуваше, но се сеќавам на последната реченица: „Жал ми е што мора да го направиме ова“. Потоа низ вратата влегоа двајца мажи, двајцата значително повисоки од мене. Ми рекоа дека можам да го изберам лесниот или потешкиот пат. Јас го избрав потешкиот пат. Се спротивставив. Вриснав. Се држев за ногарката од масата“, рече Џонс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexi Jones (@_p0odle_)


Ќерката на Боуви опиша како ја качиле во црн џип, а нејзините родители ги немало: „Останав сама, во автомобил со двајца непознати мажи кои не ми кажаа каде одиме. Седев таму, парализирана од ужас и целосно без зборови.“

Програмите комбинираат интензивен престој во природа со психолошко советување, но со години се изложени на силни критики и обвинувања за злоупотреба на илјадници млади луѓе кои поминале низ нив. Познатата наследничка и претприемачка Парис Хилтон исто така тврдеше дека во една ваква програма била злоставувана.

Џонс, единственото дете на Дејвид Боуви и супермоделот Иман, изјави дека татко ѝ ѝ се извинил во писмо кое ѝ го прочитал непосредно пред двајца мажи, „повисоки од 190 сантиметри“, да ја одведат во програмата.

Во текот на 91 ден во програмата, како што тврди, немала никаква приватност, туширањето било можно само еднаш неделно, а потоа била префрлена во станбен центар во Јута, каде што останала малку повеќе од една година. Таму дознала дека нејзиниот татко починал.

„Имав привилегија да разговарам со него два дена претходно, на неговиот роденден. Му кажав дека го сакам, а тој го рече истото. А потоа ја видов објавата: „Дејвид Боуви почина, опкружен со семејството“. Се чувствував физички лошо бидејќи – да, целото семејство беше таму. Освен мене“, рече таа.

Џонс, исто така, откри дека ѝ е дијагностициран аутизам, што, како што вели таа, „конечно им дало смисла на многу работи со кои се справував во тишина целиот мој живот“.

Џонс тврди дека во кампот ѝ направиле целосен претрес за да проверат „дали крие нешто на или во телото“. Раскажа дека учесниците копале дупки во земјата кои служеле како тоалети, притоа гласно броејќи за персоналот да има надзор врз нив.

„Огнот го палевме со лупење брезова кора и удирање кремен од челик. Готвевме на тие огнови. Учевме да врзуваме јазли за да поставиме церади под кои спиевме – на јога-подлога и во вреќа за спиење.“

Џонс во август објави дека ѝ бил дијагностициран аутизам, додавајќи дека тоа „конечно дало смисла на многу работи со кои цел живот се справувала во тишина“.

Во меѓувреме, Парис Хилтон во 2020 година со солзи сведочеше дека како тинејџерка ноќе ја разбудиле непознати мажи во нејзината соба и присилно ја одвеле во резиденцијална програма на „строга љубов“. Откако раскажа дека во еден ваков центар во Јута во 90-тите била злоставувана, покрена кампања против овие установи и во 2024 година сведочеше пред американскиот Конгрес, наведувајќи дека ѝ биле „присилно давани лекови и дека била сексуално злоставувана“.

Поврзани вести

„Крај на летото со последното капење“: Бекам се прости од Хрватска

Urednik

Ева Лонгорија (48) откри завидна фигура во црно бикини

Urednik

Салма не ја пропушта можноста: Погледнете ја жешката честитка до следбениците на Хајек за „Денот на бикини“…

Urednik