СТАНДАРД life
Балкан микс

🎙ЦЕЦА ПЕЕ ЗА ФИЛМОТ „НЕДЕЉА“: Пејачката објави дел од нова песна и испрати емотивна порака

Цеца Ражнатовиќ направи хаос на социјалните мрежи кога објави фрагмент од новата песна што ја отпеа за потребите на филмот за животот на легендарниот Џеј Рамадановски.

Насловната песна за филмот „Недеља“ ја отпеа фолк дивата, која на својот Инстаграм профил објави дел од песната со кадри од филмот.

Во продолжение Цеца им посвети емотивна порака на покојните пријатели и колеги Марина Туцаковиќ и Џеј Рамадановски.

– „Сега дозволете ми да ви покажам љубов…“ Знам дека сте нетрпеливи и не сакам да чекате долго. Одбројуваме… Симболично „За крај“ за нашиот Џеј и нашата Марина. Фута и јас… – напишала накратко Цеца.

Овој клип од песната кој Цеца го објави за само еден час е прегледан повеќе од 275.000 пати, што само покажува колку долго чекаа нејзините обожаватели да сними нешто ново.

Поврзани вести

Теодора Џехверовиќ добила часовник вреден речиси 19.000 евра од својата менаџерка: Пејачката веднаш и се обратила јавно

Radmila Tasevska

Се ожени музичарот Албино: За избраничката малку се знае, прославата организирана во Белград

Urednik

Чола кога креваше тегови! Старата фотографија на пејачот ги зачуди сите

Radmila Tasevska