СТАНДАРД life
Балкан микс

📸Српска пејачка изненади со драстична промена во изгледот

Српската пејачка Едита Арадиновиќ го привлече вниманието на бројни следбеници на социјалните мрежи со драстична промена во изгледот. Имено, таа ги избеле веѓите.

Светски познатите модели масовно ги избелија веѓите пред неколку години, и се чини дека ќе бидат повторно во тренд.

Таа го комплетираше својот изглед со смели очи и темен кармин. Носеше црна перика со шишки.

„Мила Јовович“, „Колку си убава“, „Кога е убава, дури и ова ѝ стои“, се некои од коментарите.

Британската шминкерка Дајан Кендал претходно во интервју за Vogue изјави дека избелените веѓи му даваат на лицето футуристички изглед. Таа ја направила оваа шминка на моделите кои ги носеле ревиите на Марк Џејкобс во 2022 година.

Бројни познати личности потоа го прифатија овој тренд, вклучувајќи ги Џулија Фокс, Никола Пелц-Бекам, Кендал Џенер, Кајли Џенер итн.

Арадиновиќ обично ги следи модните трендови и сака да носи скапа облека. Неодамна беше фотографирана во кожен капут од Гучи, кој чини 4.000 евра.

Поврзани вести

Тика Станиќ: Пиев уште од рано детство, дневно и до 2 литри жестоко

Urednik

По 32 години Мерлин ја откри вистината за „Белград“ на Цецa: Се се случи една вечер во Сент Гален

Urednik

📽 Киев го обвини Милош Биковиќ дека поддржува геноцид и насилство

Radmila Tasevska