СТАНДАРД life
Балкан микс

Еве која песна и ја посветил Здравко Чолиќ на својата поранешна љубов

Легендарниот пејач беше еден од најголемите заводници на сцената. Здравко веќе 23 години е во среќен брак со сопругата Александра со која има две ќерки Уна и Ларуј. Сепак, многу познати дами порано лудуваа по него, а една од нив е актерка.

Имено, Чола ѝ ја посветил песната „Ноќта ми те должи“ (Noć mi te duguje) на својата поранешна љубов. Станува збор за една од најубавите песни што Марина Туцаковиќ ја напишала за Здравко Чолиќ, песна која ја одбележа и неговата кариера.

Песната е посветена на актерката од БиХ, Јасна Орнела Бери, со која Чола бил во врска во 1970-тите. Нивната младешка љубов не траела долго, но тие и денес се во контакт.

Пејачот ретко зборува во јавноста за својата поранешна љубов – актерката Јасна Орнели Бери. Двајцата се заљубиле во Сараево кога биле млади, а деталите од нивната врска своевремено ги открила и самата Јасна.

Поврзани вести

Лукас: Големо извинување до сите што дојдоа на концертот, но јас не се појавив

Radmila Tasevska

Денеска е во среќен брак со Јелена, но дали знаете која била првата љубов на Новак Ѓоковиќ?

Urednik

🎥Само една од песните на Чолиќ е посветена на вистинска жена

Urednik