СТАНДАРД life
Балкан микс

Ѓорѓе Давид, официјално, ја напушти Македонија

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напушти Македонија, откако доби одобрение од судските институции. По напуштање на земјава, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За се што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе“, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Поврзани вести

Јелена Костов за враќањето на музичката сцена: „Не сакав ништо со сила, туку кога почувствував дека е вистинското време“!

Urednik

Еве која песна и ја посветил Здравко Чолиќ на својата поранешна љубов

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) ТАИРОВИЌ НА МЕТА ПОРАДИ БАКШИШИ: Пејачката во Америка зема пари од публика, а бакнува и долари

Urednik