СТАНДАРД life
Балкан микс

(ВИДЕО) ТАИРОВИЌ НА МЕТА ПОРАДИ БАКШИШИ: Пејачката во Америка зема пари од публика, а бакнува и долари

Босанската пејачка Теа Таировиќ е позната по тоа што и се „лепат парите“. Пејачката каде и да настапува е опкружена со голема сума на пари, а таа не ја одбива.

Пејачката моментално е во Америка каде има турнеја, а на социјалните мрежи се појави видео на кое пејачката зема бакшиш, бакнува долари и продолжува да ја забавува публиката во ритамот на музиката.

Сепак, иако има огромен број обожаватели, ова не им се допадна на членовите на мрежата „Х“, па ја нападнаа дека претерува, а со оглед на тоа колку популарна стана, не е многу добро и на клупски настапи да зема бакшиши.

„Те молам кажи ми дека ова не е вистина“, „Ги зеде од нечија рака“, „Зошто ова“, беа само дел од коментарите.

Да потсетиме, Теа неодамна на еден свој концерт ги бришеше солзите со банкнота од 100 евра. И тоа наиде на различни коментари, но таа не беше многу потресена од тоа.

Поврзани вести

Дарко Лазиќ имал 1,9 промили алкохол во крвта, ќе мора да надомести штета од околу 120.000 евра

Urednik

Познат претприемач и го загорчи животот на Нина Бадриќ: „Поради него живеам осум дена без вода!

Radmila Tasevska

„Тоа е нечија емоција“: Здравко Чолиќ откри што прави со градниците што ги добива од обожавателките

Radmila Tasevska