СТАНДАРД life
Балкан микс

„Јадев само маст и леб, а сега сум полна како брод, само бркам луксуз“: Дара Бубамара не знае за скромност, еве од што никогаш не и е доста

Пејачката денес ужива во луксуз, но не беше секогаш така.

Дара Бубамара откри како пораснала во сиромаштија.

„Пораснав во сиромаштија, јадев маст и леб, а сега сакам да ручам во скапи ресторани и да го „бркам“ луксузот! Одам на одмор во Миконос, Дубаи … Избирам само скапи хотели, каде понекогаш поминувам само неколку часа, бидејќи веднаш летам понатаму. Купувам добри автомобили и дизајнерска облека. И најважно е што никогаш немав спонзори да ми платат 100.000 евра за албумот, сè сама создадов“, изјави пејачката која се присети како нејзините мајка и татко немале ни да и даваат џепарлак за време на школувањето, додавајќи:

„Се сеќавам дека му кажав на татко ми да ми купи фустан или чевли, а тој ми рече: „Не, сега немам пари, ќе ти купам кога ќе земам плата“. Денешните деца се тотално различни, мора веднаш да имаат се. За време на училишниот одмор одев дома да јадам, бидејќи немаа секогаш џепарлак. Но, јас сум им благодарна за е што направија за мене. Затоа го купив станот во кој живееше тато од неговата фирма и го реновирав. Успеав да избегам од сиромаштијата и горда сум што сама создадов се. Се борев да бидам на врвот и успеав. И никогаш не се каам за пари. Има луѓе од естрадата кои добро заработуваат, но не трошат на луксуз како јас“, вели Дара Бубамара, која признава дека и нејзиниот син Коста е навикнат на луксуз, а наскоро ќе одат на заеднички одмор.

„Со Коста наскоро одам во Дубаи, сакаме заедно да посетуваме луксузни дестинации и хотели. Кога патувам со син ми, тоа навистина не е одмор, бидејќи тој е полн со енергија. Тој е како мене, но два пати повеќе. Одиме на десет дена, а кога ќе се вратам, пак ќе одам на „полн гас“ и ќе настапувам цело лето“, откри пејачката, пишува Мондо.

Поврзани вести

Нина Јанковиќ направи драстична ТРАНСФОРМАЦИЈА, луѓето не веруваат дека е таа

Urednik

Мистеријата со хитот на Жељко Јоксимовиќ: Луѓето бараат од пејачот да им ги реши сомнежите за текстот на неговата позната песна (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Мерлин за хрватските медиуми изјави што би му кажал на 20-годишниот Дино

Urednik