СТАНДАРД life
Хороскоп

Ова се тројцата мајстори во флертот!

Астролозите процениле дека припадниците на овие три хороскопски знака се највешти заводници и големи мајстори во флертувањето.

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Кај Биковите клучна е спонтаноста додека во креветот се вистински професионалци. Тие знаат како да го навлечат партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот и на нив никој не може да им се одолее. Тие уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично поседуваат добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.

Скорпија

Нив нема шанси да не ги забележете. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да го задоволат партнерот до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и претставува своевидна зависност.

Поврзани вести

Три знаци кои постојано се заљубуваат

Urednik

Луѓето родени во овие знаци не функционираат доколку целосно не го испланираат денот

Radmila Tasevska

Ќе им треба малку време да се отворат: Ова се најсрамежливите хороскопски знаци

Radmila Tasevska