Иако е познат по тоа што веќе некое време избегнува телевизиски појавувања и дава интервјуа, Жељко Јоксимовиќ се согласи да биде гостин на неговата долгогодишна пријателка, Цеца Ражнатовиќ, во нејзината емисија „Цеца шоу“.
Во таа прилика, тој за прв пат нагласи дека неговата кариера, која тргна во подем во текот на 2000-тите и е по нагорна траекторија до ден-денес, сепак имала тешки периоди и неуспеси, кои неговото семејство најтешко ги поднесе.
– На почетокот беше тешко, без разлика како се однесуваш, всушност не ти е гајле што мислат луѓето. Не можеш да им угодиш на луѓето, а јас сум само таков каков што сум – вели Жељко и нагласува дека приказните што го следеле на почетокот на неговата кариера дефинитивно најмногу влијаеле на неговата мајка Весна и ќерката Мина.
– Секоја лага ме провоцира. Без разлика како позираш или мислиш дека не те засега, телото се сеќава. Најголемата лага беше дека ја украдов песната „Lane moje“. Во тоа време, мајка ми доби херпес по целото тело од стрес – се присети Жељко Јоксимовиќ во интервју за Цеца Ражнатовиќ.
Тој истакна дека поради написите за него, неговата ќерка од првиот брак, Мина, немала безгрижно детство:
– Се појавија информации што ни го расипаа животот. Јас поминав низ тоа кога Мина одеше на училиште. Моето дете го прочита сето тоа – рече Жељко Јоксимовиќ, кој за прв пат проговори за емоционалното влијание низ кое поминуваше неговото семејство.