СТАНДАРД life
Балкан микс

Карлеуша во „илегала“: Гo избриша речиси цел Инстаграм – остави само две фотографии

Српската пејачка, Јелена Карлеуша ги избриша речиси сите фотографии од својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Пејачката остави само две фотографии, но не се знае зошто токму тие.

Овој нејзин потег шокираше многумина, бидејќи на сметката на Јелена на споменатата мрежа има над 2,4 милиони следбеници, а таа е многу активна на Инстаграм.

Многу обожаватели и пишуваат на пејачката во коментар за тоа што се случува и да се огласи, но таа се уште не ја објаснила својата одлука.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша пред три месеци објави медиумска „илегала“.

– Планирам сега навистина да влезам во медиумска „илегала“ додека не излезе албумот што ќе го издадам во август – изјави тогаш таа за „Телеграф“.

Поврзани вести

Северина за приклучувањето на „Суперстар“: „Мајка ми најмногу ќе се радува на шоуто“

Radmila Tasevska

📽 Киев го обвини Милош Биковиќ дека поддржува геноцид и насилство

Radmila Tasevska

📸 Раста ужива на Јамајка: Раперот ја однел најдрагата личност на патување, еве како го поминуваат времето

Radmila Tasevska