СТАНДАРД life
Балкан микс

Кеба за поранешната снаа Северина: „Има повеќе убави спомени отколку лоши“

Водителот Огњен Амиџиќ во своето шоу Ami G Show го угости пејачот Драган Којиќ Кеба, кој во рубриката Прашања од Инстаграм одговори за врската со Северина, неговата поранешна снаа.

„Не сме во контакт, минатото останува минато. Без разлика дали ова е напишано или кажано, бидете сигурни дека има повеќе добри спомени отколку лоши“, рече Кеба.

Бракот траеше 6 години Северина и Игор Којиќ, синот на Кеба, беа во брак шест години, а повеќе од една година се шпекулираше за развод. Сомнежите дополнително се разгореа кога престанаа да се следат на социјалните мрежи.

Од 2020 година тие не се видени заедно во јавноста. Српските медиуми претходно објавија дека Северина се скарала со свекорот и свекрвата додека била во карантин во нивниот дом во Белград и дека тие не биле во добри односи. Пејачката и Којиќ се венчаа на 25 септември 2015 година во Бале, Истра, опкружени со нивните најблиски пријатели и семејството. Два месеци подоцна, во Белград следеше граѓански брак пред околу 600 гости, а љубовта ја крунисаа на патување во Африка.

Поврзани вести

Ѓоковиќ заработува милиони, а вечера за 16 евра

Urednik

Северина во друштво на познат продуцент

Radmila Tasevska

Нина Бадриќ за Божиќ: Жолт фустан, златни украси, празнична атмосфера…

Urednik