СТАНДАРД life
Балкан микс

Марија Шерифовиќ доживеа сериозен проблем поради исхраната: „Ми донесоа инфузија, мислев дека нема да преживеам“

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна објави нов албум, а поради овој проект со месеци беше на ригорозна диета.

Имено, Марија Шерифовиќ признала дека била на екстремна диета поради спотовите.

„Бев на исклучително строга диета пред почетокот на снимањето спотови. Бев на диета 22 дена. На ред дојде првиот спот што јас и Матија Цвек го снимавме за песната „Половина сонце“, а потоа нашите пријатели го испратија кетерингот и имаат многу добри уштипци“, започна Марија и продолжи:

„Изедов едно, дојдов дома, а следниот ден го снимав спотот за песната „Иди док те волим“. Заспав некаде околу 23 часот, а околу еден по полноќ ме разбудија страшни болки во пределот на стомакот. Повратив и сè што оди со тоа, отидов на дежурен, епа сите знаеме за што се работи. И тогаш заспав околу три ипол. Меѓутоа, во текот на ноќта се разбудив и бев бледа како крпа“.

И покрај маките, Марија продолжи со планираното снимање.

„Ми донесоа инфузија, клометол … Не знам ни што ми направија, тоа беше можеби еден од најтешките денови во мојот живот. Мислев дека нема да преживеам“, заклучил Шерифовиќ, пренесува „Блиц“.

Поврзани вести

📷 Џибони: „Мала земја сме, се се знае… Дури и дека Северина е добра мајка“

Radmila Tasevska

📷Данијела Мартиновиќ се пофали со својот подарок за роденден и ги откри своите желби

Urednik

Ивана Кнол повторно ризикува предупредувања на Инстаграм, сега позираше во црна долна облека: „ОМГ…“

Radmila Tasevska