Една од најголемите музички ѕвезди од овие простори, Лепа Брена, ги поднела потребните документи за пензионирање пред неколку месеци, а сега добила и официјална одлука со која формално се потврдува ова право.
Пензионирањето на музичар често предизвикува големо внимание во јавноста, бидејќи не станува збор само за формален крај на кариерата, туку за емотивен премин од светот на рефлекторите во ново животно поглавје. За многу изведувачи, тоа не е крај на музичкото творештво. Дури и Лепа Брена, на радост на бројните обожаватели, не планира да ја напушти сцената.
„Таа е среќна што доживеала пензија, но самата титула пензионерка е сè уште невообичаена за неа. Не се чувствува како пензионерка, особено затоа што нема да го промени својот животен стил. Ќе продолжи да настапува како порано, но и ќе ужива максимално, што веќе го започна за време на короната. Тогаш сфати дека е време да посвети повеќе време на себе и на Боба по години напорна работа“, вели извор за српските медиуми. Претходно изјави дека не сака да се пензионира.
„Не сакам пензија. Ја сакав кога имав 29, 30 години. Постои една приказна, кога отидов кај Ванѓа и Ванѓа ми рече дека следната година, кога ќе дојдам во Бугарија, треба повторно да дојдам кај неа, а јас тогаш ѝ реков дека ќе се пензионирам следната година затоа што навистина работев напорно“, раскажа во еден наврат пејачката, а потоа додаде:
„Во тоа време, правев по два концерти дневно со „Сладок грев“. Беше толку заморно за мене што сакав да започнам нов бизнис, имав некои идеи и планови. Не знаев дека ќе го запознаам Слободан Живојиновиќ, кој ќе го преземе тој бизнис план и ќе ми го промени животот“.