СТАНДАРД life
Балкан микс

„Најглупаво име за дете“: Објавата на Огњен Амиџиќ привлече големо внимание (ФОТО)

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ за неколку месеци ќе го добијат своето прво заедничко дете.

Огњен влезе во врска со Мина по разводот со манекенката Данијела Димитровска со која го има синот Матија, а водителот откри и дека наскоро планира да се ожени со Наумовиќ.

Тие двајца не сакаат јавно да ја изложуваат својата врска, а откако дозна дека е во друга состојба, Мина реши да се повлече од медиумите и да не се појави во новата сезона на шоуто „АмиГ шоу“ во кое таа го имаше сегментот „Внимавај, Мина“.

Огњен и Мина не сакаа да го откријат полот на бебето што го чекаат, а водителот сега го привлече вниманието на многу луѓе со објавата на социјалната мрежа „Х“ (поранешен „Твитер“).

„Најглупавото име што можеш да му го дадеш на детето е?“, прашал Амиџиќ, а неговите придружници биле многу креативни, но го прашале и дали можеби му е потребна инспирација за необично име за неговото и бебето на Мина.

Поврзани вести

Матора и Анита ќе се венчаат во вила вредна 3 милиони евра

Radmila Tasevska

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Radmila Tasevska

Северина го изгуби старателството над синот па порача: „Ќе се борам до последната капка крв за моето дете“

Radmila Tasevska