Познатиот музичар Дино Мерлин меѓу неговите многубројни хитови има најмногу балади, а зад многу негови песни се кријат вистинити, честопати многу болни приказни.
Една од нив е песната „Da šutiš“ напишана од пејачот и текстописец Елдин Хусеинбеговиќ.
Целиот албум, а особено оваа песна, Елдин и го посвети на сопругата Емка, која почина по долго и тешко боледување. Како што објави „Мондо“, Емка боледувала од мултиплекс склероза и завршила во инвалидска количка, а потоа ослепела.
За време на еден од концертите на Мерлин, Елдин излезе на сцената и ги разнесе сите со емотивен говор.
„Не можев да и дадам чевли на личноста која најмногу ја сакам, бидејќи таа не оди. Ниту книга, бидејќи таа не гледа, па дојдов на идеја да и подарам албум на сопругата Емка. Мојата сопруга е слепа и е во инвалидска количка. „Кога би можел да го вратам времето назад и да знаев дека таа ќе ослепи и ќе биде во инвалидска количка, повторно би се оженил со неа“, рекол тој, пренесуваат споменатите медиуми.
Од стиховите што и ги посвети на Емка, Елдин истакна дека можеби неговата врска најдобро ја опишала песната „Da šutiš“, голем хит на Дино Мерлин – “Dobro je kad u životu neko te sluti, ti nekoga slutiš… Ali je najbolje kad u životu imaš nekog s kim možeš ovako da šutiš”.