СТАНДАРД life
Балкан микс

Откриена тајната на завидната фигура на Неда Украден (73)

На српската пејачка Неда Украден (73) многумина и завидуваат на витката линија, а има и намирници кои и помагаат да ја одржи фигурата.

„Курир“ пишува дека Украден наводно јаде готвени оброци, овошје, маслиново масло и медитеранска храна. Сака храна полна со витамини кои ја заситуваат, но не си одрекува повремени задоволства. Знае да се почести повремено со торта или десерт.

Наводно, Неда за време на пандемијата се здебелила неколку килограми, но се ослободила од нив со вежбање и липосукциска диета која им е омилена на многу познати дами.

Ваквата диета се базира на многу протеини, малку јаглехидрати и штетни шеќери и здрави „шејкови“ кои се пијат на секои четири часа.

Да потсетиме, неодамна пејачката сподели слика во костим за капење и собра бројни комплименти.

– Би можела да напишам сто реченици зошто е добро да се биде славеничка денес на оваа возраст! Но, нема потреба. Се е јасно! Одам да славам! На здравје – напиша Украден покрај фотографија направена во Бока Которска.

Поврзани вести

Ема Радујко: Моето поранешно момче е најдобриот фраер на естрадата

Radmila Tasevska

Чола кога креваше тегови! Старата фотографија на пејачот ги зачуди сите

Radmila Tasevska

Се огласи Амиџиќ по веста дека чека дете со Мина: „Нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било“!

Urednik