Поранешниот тапанар на „Парни Ваљак“, Дражен Шолц во понеделникот на повторното судење во Жупанискиот суд во Загреб беше осуден на три години затвор за предизвикување сообраќајна несреќа во 2017 година кога загина пешакот Вјеран Дасовиќ.
Шолц на повтореното судење неправосилно бил осуден на три години затвор за предизвикување сообраќајна несреќа и за неукажување помош на жртвата по несреќата.
На првото судење одржано во Општинскиот кривичен суд во Загреб, Шолц е неправосилно осуден на четири и пол години затвор за предизвикување сообраќајна незгода под дејство на алкохол и дрога, но бидејќи повторениот судски процес утврдил дека не возел под дејство на алкохол и дрога, паднаа квалификациите од обвинението.
Според обвинението, Шолц бил обвинет дека на 22.09.2017 година околу 05.30 часот со своето „рено клио“ налетал на пешакот Вјеран Дасовиќ, кој преминувал улица на пешачки премин, неконтролиран од семафорите.
Пешакот се здобил со тешки физички повреди од кои три дена подоцна починал во KB „Sestara milosrdnica“.