СТАНДАРД life
Балкан микс

Семејството Капичиќ збогатено за уште еден член

Српскиот актер Стефан Капичиќ и неговата сопруга, хрватската актерка Ивана Хорват Капичиќ, ја споделија среќната вест за раѓањето на нивното второ дете.

Веста ја потврдија со фотографија на Инстаграм, а Ивана откри дека родила момче на кое му дале име Себастијан

“Нашето момче е тука! Ти си совршен. Како твојот брат. Те сакаме многу”, напишале среќните родители покрај објавата.

За потсетување, хрватско-српската актерска двојка се запозна пред десет години на снимањето на серија, а се венчаа во 2017 година во Лос Анџелес.

Во мај 2020 година го добија своето прво дете.

Поврзани вести

Здравко Чолиќ гостуваше на концертот на Дино Мерлин: Публиката воодушевено пееше заедно со музичките ѕвезди

Radmila Tasevska

Северина искрено за синот: „Знае дека сум некој, но не знае кој точно“

Urednik

(ВИДЕО) 2.000 евра за две песни – „кралицата на бакшишот“ повторно руши рекорди

Urednik